[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Uncategorized / Судско досие – база на податоци со сите информации за предметите на СЈО

Судско досие – база на податоци со сите информации за предметите на СЈО

Коалиција Сите за правично судење во партнерство со Радио МОФ го имплементира проектот Судско досие, чија цел е зголемување на степенот на транспарентност на институциите однсоно судовите, како и подобрување на довербата на граѓаните во судството во Република Северна Македонија. Проектот се спроведува во рамки на програмата Action SEE, финансиран од ЕУ, а спроведуван од Фондација Метаморфозис.

На веб страната креирана во рамки на проектот Судско досие објавени се 20 досиеја на судски предмети кои содржат: општи податоци за предметот, текот на главната расправа, пресуда, второстепена постапка, а исто така за дел о предметите и јавни реакции на Коалиција. Други информации кои можете да ги следите на страницата се и времетраењето на предметите, испитувањето на сведоците во постапката, одложени и одржани рочишта како и причините за одлагањето на истите, предложени докази од обвинителството и одбраната во предметите и други информации битни за текот и водењето на овие постапки.

Секое од судските досиеја е претставено со инфографици кои содржат карактеристични и впечатливи информации генереирани од самите судски рочишта, како на пример:

  • кој предмет е со најголема должина (предметот „Насилство во Општина Центар“), а кој сè уште трае
  • во кој предмет имало најдолго испитување на сведок (предметот пак „Таргет – Тврдина“ ) и колку временски истото траело (на 5 судски рочишта)
  • кој предмет е со најголем број на одржани рочишта до сега („Тарифа“), кој предмет е со најголем број на одложени рочишта (предметот „Тотал“ ) и сл.

Иако страната е комплетна, таа е само почетна фаза од она што сакаме да го постигнеме во иднина. Ако страната се покаже како корисна, планираме да ја надоградиме не само со сите високо профилирани предмети кои Kоалицијата ги следи, туку и со редовни предмети кои организацијата редовно и систематски ги следи.

Линкот до веб страната е: http://sudskodosie.all4fairtrials.org.mk/

Top