[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Posts / Пародија на правдата – 18 турски адвокати осудени на долги затворски казни

Пародија на правдата – 18 турски адвокати осудени на долги затворски казни

Коалицијата Сите за правично судење како организација членка на ELDH, интегрално го пренесува известувањето од Европската асоцијација на правници/адвокати за демократија и човекови права, во врска со изречените пресуди против адвокати членови на Асоцијацијата за прогресивни правници/адвокати. На следниот линк оригиналната објава.

Европски правници:

Пародија на правдата – 18 турски адвокати осудени на долги затворски казни

159 години, 1 месец, вкупно 30 дена

На 20.03.2019 година, 37 (триесет и седмиот) Истанбулски тежок кривичен суд, ситуиран во провинцијата Силиври ја објави својата пресуда во случајот на ÇHD (Çağdaş Hukukçular Derneği, Асоцијација на прогресивни адвокати). Адвокатите се осудени на затворска казна од 2 години, 13 месеци и 15 дена и 18 години и 9 месеци. Судот ја донесе својата пресуда без да ја земе предвид одбраната на адвокатите.

Наводите и казните:

За наводно “основање и управување со терористичка организација”:

  • Barkın Timtik – 18 години и 9 месеци

За наводно “членство во терористичка организација”:

  • Ebru Timtik, Özgür Yılmaz – 13,5 години
  • Behiç Aşçı, Sukriye Erden – 12 години
  • Selçuk Kozağaçlı (Претседател на CHHD) – 11 години и 3 месеци
  • Aycan Çiçek, Naciye Demir – 9 години
  • Ezgi Cakir – 8 години

За наводно “доброволно и свесно помагање на терористичка организација”:

  • Ayşegül Çağatay, Yağmur Ereren, Didem Baydar Ünsal, Yaprak Türkmen: 3 години и 9 месеци
  • Ahmet Mandacı, Zehra Özdemir: 2 години 13 месеци и 15 дена

Бројни адвокати од европски и неевропски земји го набљудуваа судењето од самиот почеток. Меѓу нив беа и претставници на Меѓународната асоцијација на демократски адвокати (IADL), Европската асоцијација на демократски адвокати (AED-EDL), Европската асоцијација на адвокати за демократија и светски човекови права (ELDH), Адвокатите за адвокати (Lawyers for Lawyers), Одбрана без граници – адвокати за солидарност (DSF AS), Адвокатски комори од Белгија, Франција и Норвешка, италијански Демократски правници, Италијански Здружение на кривични адвокати и правен тим Италија.

Откако судот ја објави пресудата, набљудувачите одржаа прес-конференција за да го изјават следното:

” Убедени сме дека во овој момент ова судење е целосно ништовно и неважечко. Протестираме против тешките затворски казни што ги наведовме и инсистираме на итно ослободување на сите обвинети, кои ќе бидат постигнати преку сите можни судски и правни средства. Ја искажуваме нашата солидарност на обвинетите во име на заедничката борба за почитување на правдата и владеењето на правото “.

Milena Buyum (Милена Бујум), виш претставник на Амнести интернешнал за Турција, која го набљудуваше судскиот претрес, коментираше:

“Денешните пресуди претставуваат пародија на правдата и уште еднаш ја покажуваат неможноста на судовите да обезбедат фер судење под политички притисок “.

Од самиот почеток, набљудувачите на судењето имаа впечаток дека обвинетите беа обвинети само за вршење правна професија според турските, европските и меѓународните правила. Овој впечаток беше потврден кога судот објави ослободување на 17 адвокати од притвор на 14 септември 2018 година само за да бидат вратени назад еден ден подоцна откако беше заменет судијата. Новиот претседател на советот ја изрази својата одлука да не прифаќа нови докази или други барања на адвокатите на одбраната. Конечно тој ги исклучи адвокатите на одбраната од судењето.

Другите судови во Турција или во Европа ќе треба да одлучат дали ќе ја прифатат оваа очигледна повреда на владеењето на правото и на принципите на правично судење.

Според ELDH, пресудата е политички мотивирана од вонредната состојба, и покрај фактот што вонредната состојба беше укината пред неколку месеци. Сегашните обвиненија ги имаат сите белези за заплашување на адвокатите, а изречените казни ќе ги спречи да ги извршуваат своите професионални обврски.

ELDH, AED-EDL, DSF AS, Норвешка адвокатска комора – Комитет за човекови права БАРААТ:

  • Непосредно ослободување на сите 18 адвокати
  • Почитување на ОН “Основните принципи за улогата на адвокатите”, особено чл. 16 “да се осигури дека правниците можат да ги извршуваат сите свои професионални функции без заплашување, пречка, вознемирување или несоодветно мешање” и чл. 18 “Адвокатите не се идентификуваат со нивните клиенти или причините на нивните клиенти како резултат на извршување на нивните функции”
  • Почитување на член 6 од Европскиот суд за човекови права и чл.14 од Меѓународен пакт за граѓански и политички права (право на правично судење)
Top