[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Posts / СЛУЧАЈ “Никола Тодоров”

СЛУЧАЈ “Никола Тодоров”

Лицето Љупчо Стојановски од Велес, е онвинето за кривично дело „Убиство“ од член 123 став 1 в.в со член 19 и „Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од КЗ. На истиот му е изречена мерка притвор. Како оштетено лице се јавува лицето Никола Тодоров, поранешен Министер за здравство.
Пред почетокот на главната расправа бранителот на обвинетиот побара изземање на судијката, поради сомнеж за пристрасност и необјективност, но истото беше одбиено од страна на судот.
Главната расправа започна, по што одбраната истакна приговор во однос на вештачењата, воедно и барање за одбивање на докази, со оглед да специјалистите кои ги изготвиле вештачењата воопшто не се наоѓаат во регистарот на вешти лица. Поточно, во моментот кога се изготвувал вештиот наод и мислење, стручните лица не поседувале лиценца и од таа причина е недозволиво истите да изготват вештачење, кое пак е изведено како доказ во постапката. Повторно советот побара кратка пауза, а после паузата судијката истакна дека приговорот на одбраната е основан и е констатирано дека во моментот на изготвување на наодите, лиценцата на вештаците била истечена. Судечкиот совет го прифати барањето и одлучи на следната расправа закажана за 22 јануари да биде изготвено ново вештачење што ќе го направи ЈЗУ „Психијатриска болница Скопје“. Од вештачењето треба да се утврди дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело, дали е свесен за последиците и дали има одредени психички нарушувања. Токму поради тоа обвинетиот на денешното судско рочиште не можеше да се произнесе дали е виновен или не.
Top