[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Oглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични постапки

Oглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични постапки

Sep
25

Коалицијата „Сите за правично судење“ објавува оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични постапки за во Основниот суд Скопје 1 Скопје. Ангажманот е предвидено да трае 3 месеци, почнувајќи од 01.10.2018 до 31.12.2018 година.

На огласот можат да аплицираат кандидати со завршен прв циклус на студии на Правен факултет (најмалку 180 ЕКТС) преку испраќање на CV на следната мејл адреса: hr@all4fairtrials.org.mk, најдоцна до 30.09.2018 година (17 часот).

За предност (но не и услов) ќе се смета поседување на магистратура по кривично право, како и положен правосуден испит.

Доколку во предвидениот рок нема пријавени кандидати, Коалицијата го задржува правото да го продолжи рокот на огласот.

Коалицијата го задржува правото да ги повика најуспешните кандидати на тестирање и/или интервју пред да биде направена финалната селекција. Селектираните кандидати, пред почетокот на набљудувањето, ќе присуствуваат на еднодневна обука за Законот за кривичната постапка, како и за целите и методологијата на истражувањето.

Top