[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Тематски форум „Кризата на партиципативната демократија“

Тематски форум „Кризата на партиципативната демократија“

Jul
12

На ден 12 јули 2016 г., вторник, во хотелот Холидеј ин во Скопје се одржа првиот Тематски форум во 2016 година, организиран од страна на програмата Цивика мобилитас, со наслов  „Кризата на партиципативната демократија“. На форумот учество земаа претставници од преку 30 грантисти, меѓу кои и Коалиција ‘’Сите за правично судење”. Во пет последователни тематски работни маси разменивме мислења и идеи, дискутиравме меѓу другото и за репрезентативноста на граѓанските организации во граѓански дијалог, за самата улога на граѓанското општество во политичката криза, како и за поделеноста на општеството со фокус на граѓанскиот сектор. Веќе ни е познато дека форумите на Цивика мобилитас овозможуваат простор за артикулирање на идеи, меѓутоа клучно и од особено значење за овој форум беше можноста да се формулираат и презентираат заеднички заклучоци со цел понатамошно планирање на заеднички општествени акции од страна на граѓанските организации.

Top