[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Работилница за стратешко планирање

Работилница за стратешко планирање

Sep
24

Националната извршна канцеларија на Коалицијата “Сите за правично судење” во рамките на институционалниот грант Civica Mobilitas организираше работилница за стратешко планирање, која беше одржана во периодот 24.09.2016 – 25.09.2016 година во хотел “Мираж” Струга. На дводневната работилница, согласно програмските насоки, беа разгледани стратешките приоритети, постоечките стратешки насоки и нивна евентуална ревизија со цел одржливост и јакнење на капацитетите на Коалицијата со што започна процес на изработка на стратешки план преку кој Коалицијата ја дефинираше својата неколкугодишна насока на делување, се дефинираа клучните фактори кои влијаат за успешна имплементација на стратешкиот план и за таа цел се подготви матрица за стратешка ориентација со приоритетни активности кои ќе обезбедат полесно спроведување на истиот. Од вкупно 14 организации – членки на Коалицијата на претстојната Работилница за стратешко планирање присуствуваа 12 организации со свои претставници. Фацилитаторка на работилница за стратешко планирање беше Д-р Малинка Ристевска Јорданова, со чија помош организациите-членки преку свои претставници земаа активно учество во работилницата и заеднички ја изготвија примарната верзија на стратешкиот план во кој се содржани понатамошните цели, активности и програми на Коалицијата како една специфична организација  – формална мрежа на организации – членки.

Top