[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Повик за работилница: Доста е од жртви на насилство – превенција, пристап, правна заштита

Повик за работилница: Доста е од жртви на насилство – превенција, пристап, правна заштита

Jun
10

Што претставува насилство? Какви видови на насилство постојат? Дали сте запознаени со концептот на ненасилна трансформација на конфликти?
Ве повикуваме да се пријавите на работилницата „Доста е од жртви на насилство – превенција, пристап, правна заштита“ која ќе се одржи на ден 10.06.2016 година во Младински Културен Центар (МКЦ) во Битола (12:00 – 17.00) каде што овие прашања и теми ќе бидат разработени.
Со учество на работилницата добивате прилика да се запознаете подетално со тоа што претставува насилство, видовите на насилство, како и со концептот за ненасилство и ненасилна трансформација на конфликти.
За што се залага проектот „Доста е од жртви на насилство – превенција, пристап, правна заштита“?
Целта на проектот е преку фокусирање на жртвите на насилство, да се изврши нивно унифицирање, солидаризирање и зајакнување без да се навлегува во нивно диференцирање по однос на основот кој е земен во предвид при насилниот чин, со намера на овој начин да се зајакне борбата против на насилството.
Преку подигање на свеста помеѓу луѓето, помеѓу институциите и легислаторите, се надеваме дека ќе покренеме креативни решенија за проблемот насилство во иднина.
Поединечните цели на проектот се:
– информирање и обучување – “Prevent” (Превенција)
– обезбедување на бесплатни правни совети – “Protect” (Пристап до правда)
– овозможување на правна заштита пред државни институции и судови -“Proceed” (Правна заштита)
Принцип на пријавување:
Доколку го задржавме вашето внимание со поканата, имате над 18 години и живеете во Битола, за пријавување на самата работилница треба да го пополните прашалникот и истиот да го пратите најдоцна до 03.06.2016 година на email адресата: ppp@all4fairtrials.org.mk
Ќе бидат избрани 20 учесници/чки за оваа работилница во Битола, воедно најавуваме уште 3 работилници кои ќе бидат одржани во Тетово, Струмица и Кавадарци.
Дополнителни информации ќе ви проследиме по изборот на учесници.
Срдечно,
Коалиција “Сите за правично судење”

Top