[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Oглас за набљудувачи на судски постапки поврзани со организиран криминал и корупција

Oглас за набљудувачи на судски постапки поврзани со организиран криминал и корупција

Mar
25

Согласно Одлуката за продолжување на Јавен оглас донесена на ден 08.04.2019 година а во врска со јавниот оглас објавен на ден 25.03.2019 година Коалицијата „Сите за правично судење“ за потребите на спроведувањето на проектот “Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите во борбата против организираниот криминал и корупција” кој се спроведува во рамки на ИПА II 2014, од грантовата шема “STRENGTHENING THE IMPACT OF THE CIVIL SOCIETY IN EFFECTIVE JUSTICE SECTOR REFORMS” го продолжува трањењто на следниот:

Јавен оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки поврзани со организиран криминал и корупција во специјализираното одделение на Основниот суд Скопје 1.

Ангажманот е предвидено да трае 24 месеци, почнувајќи од 15.04.2019 до 15.04.2021 година и за истиот е предвиден финансиски надомест.

На огласот можат да аплицираат кандидати со завршен втор циклус на студии на Правен факултет преку испраќање на CV во word или pdf формат на следната мејл адреса: hr@all4fairtrials.org.mk, најдоцна до 10.04.2019 година (среда) 17:00 часот. Насловот на мејлот треба да гласи „за набљудувач на кривични судски постапки поврзани со организиран криминал и корупција“. Апликациите кои нема да го запазат овој формат и дадениот рок, ќе бидат дисквалификувани.

За предност (но не и услов) ќе се смета практично и теоретско искуство од областа на кривичното право, вклученост во академски активности и/ или истражувања, работа со невладини организации, како и поседување на положен правосуден испит.

Коалицијата го задржува правото да ги повика најуспешните кандидати на тестирање и/или интервју пред да биде направена финалната селекција. Селектираните кандидати, пред почетокот на набљудувањето, ќе присуствуваат на еднодневна обука за Законот за кривичната постапка, како и за целите и методологијата на истражувањето.

Доколку во предвидениот рок нема пријавени кандидати, Коалицијата го задржува правото да го продолжи рокот на огласот.

Проект: Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите во борбата против организираниот криминал и корупција
Проектот е финансиран од Европската Унија

 

Top