[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Јавна реакција за спречување на присуство на јавност во Основниот суд во Битола

Јавна реакција за спречување на присуство на јавност во Основниот суд во Битола

Sep
21

Коалицијата „Сите за правично судење“ ја истакнува својата загриженост по однос на оневозможувањето на присуство на набљудувач на главна расправа на предмет со основ – граѓанска одговорност за клевета и навреда пред Основниот суд Битола.

Спроведувајќи активност мониторинг на имплементација на домашните процесни закони и меѓународните стандарди за фер судење постапки во рамки на проектот “Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Р.Македонија“ , набљудувач на Коалицијата Сите за правично судење бил спречен да присуствува во својство на јавност на рочиштето кое се одржувало пред Основниот суд во Битола. Имено, на ден 18.09.2018 година во предметот П5-5/18 основ – граѓанска одговорност за клевета и навреда, судијата кој го води предметот на набљудувачот му оневозможил да присуствува на главната расправа иако истиот не донел решение за исклучување на јавноста, ниту пак ги образложил причините и основот за ислучувањето на јавноста.

Согласно досегашната пракса на Коалицијата при спроведување на слични или исти проекти во изминатите 15 години, согласно досегашната соработка со над 15 основни судови од Република Македонија (меѓу кои и Основниот суд Битола), а согласно начелото на јавност на судските постапки, членот 102 од Уставот на Република Македонија и член 292 став 1 од Законот за парнична постапка, расправите пред судовите се јавни и на истата можат да присуствуваат сите заинтересирани полнолетни лица. Законот за парнична постапка предвидува и исклучување на јавноста во одредени ситуации пропишани точно со законот, но исто така членот 295 вели дека за исклучувањето на јавноста одлучува советот со решение кое мора да биде образложено и јавно објавено. Дополнително, во членот 343, став 2, точка 12 од ЗПП е предвидено дека исклучувањето на јавноста од главната расправа спротивно на законот е суштествена повреда на одредбите од парничната постапка.

Апелираме до судот дека присуството на набљудувачите на јавните расправи пред судот е со цел да се постинге целта на проектот давање поддршка за подобрување на пристапот и квалитетот до правда со посебен фокус на граѓанските судски постапки и ранливи категории на граѓани (маргинализирани групи и лица со попреченост) во 4те апелациони региони: Скопје, Гостивар, Битола и Штип, која би укажала на почитувањето на основните начела на судската постапка и пристапот до правда на граѓаните на Р.Македонија, а согласно мисијата на Коалицијата – следење на почитувањето на човековите права и слободи, особено на меѓународните стандарди за правично судење, преку разни форми на дејствување во настојувањето да се зголеми нивото на имплементирање, да се иницираат институционални и правни реформи, како и да се поврати довербата на граѓаните во судството и другите институции на системот.

Со почит,
Коалиција „Сите за правично судење“

Top