[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Јавен повик за ангажирање на 2 набљудувачи на граѓански постапки

Јавен повик за ангажирање на 2 набљудувачи на граѓански постапки

Feb
28

Коалицијата на здруженија на граѓани Сите за правично судење за потребите на спроведувањето на проектот Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Македонија поддржан проектот на УСАИД за граѓанско учество, објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на 2 набљудувачи на граѓански постапки

За потребите на овој проект кој има основна цел за подобрување на пристапот до правда на сите граѓани, а особено на маргинализираните заедници и социјално ранливите категории на граѓани потребни се 2 набљудувачи за мониторинг во Основниот суд во Скопје. Мониторингот ќе биде во времетраење од 12 месеци. Рокот за пријавување е до 06.03.2019 година на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk

Кандидатите/ките за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Висока стручна спрема најмалку 180 ЕКТС– од областа на правото;
  • Добро познавање на Законот за парнична постапка;
  • Основни познавања на MS Office;
  • Да се придржува до принципите на објективност, непристрасност и доверливост и
  • Да присуствува на предвидените обуки за набљудувачи за мониторинг на судски постапки.

Положен правосуден испит и магистратура од областа на граѓанското право ќе се смета за предност, но не и услов. За мониторирањето на судските предмети на набљудувачите ќе им се исплаќа соодветен паричен надомест. Селекцијата на кандидати ќе биде извршена по принципот на спроведени интервјуа и проверка на знаењето.

Top