[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Тркалезна маса и презентација на анализата за 2017

Тркалезна маса и презентација на анализата за 2017

Dec
21

Завршната конференција има за цел да овозможи дискусија помеѓу истакнати професионалци во својата област, на тема “Судските постапки кои ја обележаа 2017г.”, како и да се презентира анализата “Спроведен мониторинг на судски предмети од областа на организиран криминал и корупција” која произлезе од извршениот мониторинг во рамките на овој проектот, а се однесува на предмети водени според новиот Закон за кривичната постапка, пред Основниот суд Скопје 1, Скопје.

АГЕНДА НА НАСТАНОТ

Модератор: Г-дин. Огнен Јанески, новинар
10:00 – 10:20 Регистрација на учесниците
10:20 – 10:30 Воведно обраќање г-дин Дејвид Стефенсон, шеф на политички и економски сектор/ ИНЛ директор
10:30 – 10:40 Воведно обраќање д-р Мирјана Иванова Бојаџиевска, Претседателка на Коалицијата “Сите за правично судење”
10:40 – 11.40 Дискусија на тема : Судските постапки кои ја обележаа 2017г.
Говорници:
– Г-а Катица Јанева, обвинителка во Специјалното јавно обвинителство
– Д-р. Лидија Раичевиќ, обвинителка во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
– Г-а Лидија Петровска, судијка во Основен суд Скопје 1, Скопје (одд. за организиран криминал)
– Проф. Лазар Нанев, Универзитетски професор и судија во Основен суд Кавадарци
Дискусија и прашања
11:45 – 12:15 Презентација на анализата “Спроведен мониторинг на судски предмети од областа на организиран криминал и корупција” Г-а Натали Петровска, Извршна директорка на Коалицијата “Сите за правично судење”
12:15 – 12:30 Прашања и коментари
12:30 – 13: 00 Коктел

Оваа активност е спроведена во рамки на проектот Набљудување на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција според новиот Закон за кривичната постапка, поддржан од страна на Стејт департментот на Соединетите Американски Држави – Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Биро за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законот.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк.

Top