[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Презентација на резултатите од анализата „Имплементација на меѓународни стандарди за фер и правично судење“

Презентација на резултатите од анализата „Имплементација на меѓународни стандарди за фер и правично судење“

Jul
13

Коалицијата Сите за правично судење со големо задоволство Ве поканува да присуствувате на настан, на кој ќе се презентираат резултатите од анализата „Имплементација на меѓународни стандарди за фер и правично судење“ која произлезе од реализацијата на проектот Мониторинг на имплементацијата на меѓународни стандарди за правично судење во Основен суд Скопје I и Скопје II , а ќе се оддржи на 13 јули 2017 година (четврток) од 10:30 часот во Клуб на новинари во Скопје

Проектот кој Коалицијата го имплементираше е дел од „Мрежа 23+“, спроведуван од страна на Институтот за Европска политика – ЕПИ како носител на Проектот „Мрежа 23+“ и партнерската организација Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија. 

Во извештајот се анализирани резултатите од набљудуваните предмети пред Основен Суд Скопје I и Скопје II. Врз основа на заклучоците и препораките кои произлегуваат од спроведената анализа, се очекува да се превземат конкретни мерки на законодавен и институционален план за надминување на воочените слабости и поголемо почитување на стандардите за правично судење пред домашните судови како и запознавање на јавноста со стандардите за правично судење.

Би Ве замолиле да номинирате претставник од Вашата организација/институција најдоцна до 12.07.2017г. (среда) на следната е-маил адреса : iveljanovska@all4fairtrials.org.mk , или контакт телефон 078 417 636, лице за контакт Илина Вељановска.

Top