[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки

Оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки

Mar
4

Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје го објавува следниот оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки поврзани со организиран криминал и корупција во ОС Скопје 1.

Ангажманот на набљудувачите е предвидено да трае од 01.04.2019 до 31.10.2019 година и за истиот е предвиден финансиски надомест.

На огласот можат да аплицираат кандидати со најмалку 240 ЕКТС (дипломирани правници по стара програма, или специјалисти по правни науки по нова програма) преку испраќање на CV во word или pdf формат на следната мејл адреса: hr@all4fairtrials.org.mk, најдоцна до 14.03.2019 година (четврток) 23:59 часот. Насловот на мејлот треба да гласи „за набљудувач на кривични судски постапки поврзани со организиран криминал и корупција“. Апликациите кои нема да го запазат овој формат и дадениот рок, нема да бидат земени во разгледување.

Кандидатите е потребно да имаат добри познавања на Законот за кривичната постапка, Кривичниот законик, Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, како и познавања на Европската конвенција за човекови права (посебен акцент на членот 6). За предност (но не и услов) ќе се смета поседување на магистратура по кривично право, како и положен правосуден испит.

Коалицијата го задржува правото да ги повика најуспешните кандидати на тестирање и/или интервју пред да биде направена финалната селекција. Селектираните кандидати, пред почетокот на набљудувањето, ќе присуствуваат на еднодневна напредна обука.

Top