[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки

Оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки

Aug
7

Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје го објавува следниот оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки во следниве градови:

  • Куманово
  • Битола

Ангажманот на набљудувачите е предвидено да трае од 01.09.2018 до 31.10.2018 година и за истиот е предвиден финансиски надомест. На огласот можат да аплицираат кандидати со завршен прв циклус на студии на правен факултет (најмалку 180 ЕКТС) преку испраќање на CV на следната мејл адреса: obse@all4fairtrials.org.mk, најдоцна до 20.08.2018 година (17 часот). За предност (но не и услов) ќе се смета поседување на магистратура по кривично право, како и положен правосуден испит.

Коалицијата го задржува правото да ги повика најуспешните кандидати на тестирање и/или интервју пред да биде направена финалната селекција. Селектираните кандидати, пред почетокот на набљудувањето, ќе присуствуваат на еднодневна обука за Законот за кривичната постапка, како и за целите и методологијата на истражувањето.

Top