[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Оглас за професионални набљудувачи на судски постапки

Оглас за професионални набљудувачи на судски постапки

Dec
29

За потребите на проектот “Пат до правда за жени кои претрпеле семејно насилство” чија основна цел е зголемување на пристапот до правда за жени кои претрпеле семејно насилство, Коалицијата „Сите за правично судење“, распишува оглас за судски набљудувачи на кривични и граѓански постапки.

За потребите на овој проект потребни се 20 (дваесет) набљудувачи од подолу наведените градови.

Мониторингот ќе се одвива во Основните судови во Скопје, Штип, Радовиш, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Куманово и Велес и ќе биде во времетраење од 12 месеци со можност за продолжување на уште 3 месеци.

Рокот за пријавување е до 29.12.2017 година на следната мејл адреса contact@all4fairtrials.org.mk, со назнака „за проект семејно насилство “.

Кандидатите/ките за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Висока стручна спрема или најмалку 180 ЕКТС – од областа на правото;
  • Добро познавање на Закон за кривична постапка, Закон за парнична постапка и Закон за превенција спречување и заштита од семејно насилство
  • Да се придржува до следниве принципи: непристрасност, објективност и доверливост;
  • Да присуствува на предвидената обука за набљудувачи за мониторинг на судски постапки поврзани со семејно насилство (дополнително ќе биде потрвдено со избраните набљудувачи), за кандидатите/ките кои ќе бидат избрани ќе биде обезбедено ноќевање, храна и превоз);
  • Основни познавања за работа со компјутери (MS Office);

За мониторирањето на судските предмети на набљудувачите ќе им се исплаќа соодветен паричен надомест.

За таа цел Коалицијата “Сите за правично судење” ги повикува сите заинтересирани правници/чки да испратат кратка биграфија(CV) на електронската адреса: contact@all4fairtrials.org.mk најдоцна до петок, 29ти декември 2017 година. Селекцијата на кандидатите ќе биде извшена по принцип на спроведени интервјуа со истите.

Скопје,13.12.2017 година

Top