[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Archive by category "Posts" (Page 2)

Posts

Предмет „ТЕНК“ КОК-59/17

Првото рочиште по овој предмет заведен под број КОК-59/17 се одржа на 30.01.2018 година. Судењето се одложи поради тоа што еден од обвинетите има нов адвокат кој што е ангажиран еден ден пред рочиштето па потребен му е временски период за да го проучи предметот. Наредните рочишта се насрочени за 12.02.2018, 13.02.2018 и 16.02.2018.
Read More

Предмет „ТОПЛИК“ КОК-57/17

На ден 30.01.2018 година се одржа рочиште по предмето број КОК-57/17. Во овој предмет има 6 лица обвинети за  Злоупотреба на службената положба и овластување. Адвокатите на одбраната истакнаа приговор во однос на вештачењето направено од вештото лице врз основа на кој се темели обвинителниот акт. Судот донесе одлука за овој приговор да се донесе писмено формално решение кое ќе биде дополнително доставено до странките. Наредното рочиште е насрочено за 08.03.2018.
Read More

Предмет „ТРАЕКТОРИЈА“ КОК- 52/17

Предметот на Специјалното Јавно Обвинителство под името „Траекторија“ на закажаното рочиште од 31.01.2018 година започна одново поради промена на судскиот совет. Пред отпочнување на рочиштето одбраната побара збор и бараше од судот да донесе Решение со право на жалба во врска со вештачењата и вештите лица кои се предложени во листата на докази Специјалното Обвинителство. По излагањата на одбраната и Специјалното Јавно Обвинителство рочиштето се одложи за 14.02.2018 година
Read More

Предмет – КОК бр.51/17 „Тарифа“

На рочиштето за предметот на Специјалното Јавно Обвинителство „Тарифа“ беа прочитани воведните говори на обвинителството и одбраната. На истото се изведуваа докази на обвинителството на кое беа испитани директно и вкрстено од страна на одбраната, 2ца сведоци на обвинителството. Наредното рочиште е закажано за 13.02.2018 година.
Read More

Предмет „Шпион“ – КОК-99/16

На денешното рочиште за предметот „Шпион“ отсутен беше еден од обвинетите, како и двајца од бранителите. Покрај ова, судечкиот совет не располагаше со списите од предметот, поточно обвинителниот акт и добар дел од доказниот материјал, а кои се во Врховниот суд во процес на одлучување по Барање за заштита на законитоста. Расправата се одложи за 05.03.2018г.
Read More

Случај „Транспортер“

Рочиште за предметот „Транспортер“ беше одложено поради тоа што списите на предметот се во Апелациониот суд и сеуште не се вратени во Основниот суд Скопје 1 Скопје. Наредното рочиште е закажано за 31.01.2018. Денешната расправа се одложи поради отсуство на една од обвинтетите во овој процес. Бранителот на обвинетата достави до судот лекарска документација. Наредното рочиште за овој предмет е закажано на 13.12.2017 година. Поради големиот број на обвинети во овој процес и можноста за не...
Read More

ПРЕДМЕТ „Труст“

Денешното рочиште за предметот „Труст“ на Специјалното Јавно Обвинителство продолжи со изведување на докази предложени од страна на одбраната. На денешната расправа беше директно испитувано вешто лице - технички советник од страна на адвокатите на прво обвинетиот во овој случај. Поради друго рочиште закажано во истата судница, ова судење се одложи за 30.01.2018 на кое ќе се продолжи со испитување на истиото вешто лице. Расправата од 14.12.2017 за предметот Труст продолжи со доказната пост...
Read More

Предмет „300(Триста)“

Пред отпочнувањето на главната расправа на рочиштето насрочено на 28.12.2018, јавноста (согласно законските одредби) беше исклучена поради сослушување на вештак (кој воедно достави и вештачење) во врска со здравствената состојба на обвинетиот и неговата способност да ја следи расправата. Судот дозволи присуство на претставници на Коалицијата како стручна јавност согласно член 355 од ЗКП за време на сослушувањето на вештакот. Откако вештакот се произнесе и даде мислење дека обвинетиот е спосо...
Read More

СЛУЧАЈ “Никола Тодоров”

Лицето Љупчо Стојановски од Велес, е онвинето за кривично дело „Убиство“ од член 123 став 1 в.в со член 19 и „Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од КЗ. На истиот му е изречена мерка притвор. Како оштетено лице се јавува лицето Никола Тодоров, поранешен Министер за здравство. Пред почетокот на главната расправа бранителот на обвинетиот побара изземање на судијката, поради сомнеж за пристрасност и необјективност, но ист...
Read More
Top