Автор:
Емилија Спасовска,
„Правото на судење во разумен рок е основно процесно човеково право загарантирано со Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП). Членот 6 од ЕКЧП го определува правото на правична судска постапка, а како посебен елемент на поимот „правична судска постапка“ изречно го предвидува и правото на судење во разумен рок, според кое „Секој има право на правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен со закон воспоставен суд да бидат разгледани и утврдени неговите граѓански права и обврски или основаноста на какви било кривични обвиненија против него…“