
Дарко Аврамовски е извршен директор на Националната канцеларија на Коалицијата „Сите за правично судење“ од 2022 год. а член на истата од февруари 2016г. како проектен асистент. Покрај залагањата за правично судење, работи и на едукација на млади луѓе (средношколци и студенти) најпрвин како тренер по дебатни вештини, а подоцна како предавач по “Street Law” програмата, наменета за запознавање на младите со основите на државата и правото, правната култура, граѓански и човекови права и обврски и нивна заштита. Во текот на своето додипломско образование, како стипендист на CMEPIUS поминува две години студиски престој на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, а по дипломирањето се запишува на постдипломски студии од областа на казненото материјално право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
email: davramovski@all4fairtrials.org.mk

Даниел Митковски е Финансиски и административен менаџер во Коалицијата од 2006 година па се до денес. Неговото 16-годишно професионално искуство во невладиниот сектор во областите на финансиски менаџмент, администрација, дизајн, менаџмент на интернет мрежи и бази на податоци придонесува за развој и унапредување на организацијата во овие области. Неговите клучни одговорности вклучуваат планирање и менаџирање буџети, спроведување на процедури за рботни односи и административни задачи како спроведување набавки како и обезбедување консалтинг во областа на бази со податоци.
email: dmitkovski@all4fairtrials.org.mk

email: ipetkovska@all4fairtrials.org.mk

email: ltutic@all4fairtrials.org.mk
.